Премиерот Бојко Борисов денеска ги нарече лажна вест, тврдењата на странските медиуми дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски има бугарски пасош.
„Ниту барал, ниту му е издаден таков“ рече Борисов по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев.
Груевски не е бугарски државјанин и нема издадено бугарски пасош, соопштија претходно од страна на бугарското Министерството за правда.





