Премиерот Бојко Борисов го пречека премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев во Софија, каде денеска се одржува Самитот на Берлинскиот процес, на кој двете земји се домаќини.



Претходно Борисов изјави дека добил негативни резултати од ковид-тестот и најави дека лично ќе го пречека Заев.

Премиерот Заев по пристигнувањето изјави дека се отвора ново поглавје за развој на регионот.

„Пристигнавме во Софија за да учествуваме на лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес. Отвораме ново поглавје во развојот на регионот и за остварување на стандардите кои земјите од нашиот регион ги ставаат поблиску до членството во ЕУ“.