Бугарскиот премиер Бојко Борисов на средба со владинииот претставник Владо Буковски истакнал дека е важно односите на меѓусебна доверба да се вратат на строго и неповратно исполнување на сите обврски преземени со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во 2017 година.



„Бугарија отсекогаш се залагала за евроатлантски вредности, затоа за време на нашето претседателство со Советот на ЕУ ја ставаме темата за европската перспектива на Западен Балкан на прво место“, рече премиерот Борисов .

Борисов потсети дека како резултат на поддршката на Бугарија за европската иднина наМакедонија беше потпишан Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Бугарскиот премиер е убеден дека „решенијата можат да се најдат на преговарачката маса. Сегашните и идните генерации нема да простат ниту на Бугарија, ниту на Македонија што не најдоа компромис што ќе даде перспектива “. БГНЕС