Борисов до Македонија за ЕУ: Што уште да кажеме – дека сме Македонци?

По денешниот видеоконференциски самит „ЕУ – Западен Балкан“ бугарскиот премиер Бојко Борисов уште еднаш ја повтори поддршката од Бугарија за евроинтеграцијата на Македонија, но ја услови со исполнувањето на Договорот за пријателство во делот за историјата.



„Ние кажавме какви се нашите услови за да бидат примени во ЕУ. Тоа не е по желба. Ако нешто не ти се допаѓа, никој не те кани. Ние први ги поддржавме за НАТО, за што не ги поддржавме? Како да излеземе и што да кажеме – дека сме Македонци конечно? Тоа ли да кажеме?“, го праша Борисов југозападниот сосед.