ГЕРБ нема да го поддржи предлогот на ПП/ДБ за промена на државниот празник од 3 март на 24 мај.



Денот на ослободувањето на Бугарија од османлискиот јарем, 3 март, е национален празник на Бугарија од 1991 година. На тој ден беше потпишан Санстефанскиот прелиминарен мировен договор за ставање крај на Руско-турската војна од 1877-1878 година, која го означи ослободувањето на Бугарија.

Договорот е потпишан на 3 март во 1878 година.

„Нема да ја поддржиме (промената) на 3 март. Не затоа што не сме против 24 мај, туку затоа што не мора да се бориме за празниците. А, 3 март, обединувањето и 24 мај се исклучително светли празници да станат место за спор, раздор или политика“, рече Борисов.

Инаку, ова е првпат експремиерот со стопроцентна сигурност да се изјасни дека е против промената на државниот празник, иако тоа влијаело врз него.