Бугарскиот екс-премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, како и голем пријател на Зоран Заев, вели дека Македонија може да добие поддршка за ЕУ ако Бугарите во Македонија бидат впишани во македонскиот Устав.
Борисов вели дека е убеден дека проблемите меѓу двете земји не се нерешливи, сè додека има волја од двете страни и им порача на претставниците на бугарските организации во Македонија дека тие се мостот за пријателство.
Претставниците на бугарските организации побараа од Борисов да се решат прашањата за човековите права и велат дека имаат право да бидат бугарофили, но нагласуваат дека во Македонија се третирани како да не постојат.






