„Ова го правиме со чисто срце без никакви задкулисни намери, го правиме за нашите најблиски соседи.



Се надевам дека следната година со Захарева и Каракачанов ќе пронајдеме заедничко решение за интегрирањето на Северна Македонија во Европската Унија, како што ја подджавме и за НАТО. Така што не се случи ништо страшно, прашање на политичка волја и од двете страну е да стигнеме дотаму“, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната владина седница.

На владина седница во Софија на која учествуваше и македонксиот министер Венко Филипче одлушено е Бугарија од секоја пратка на вакцините против ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира за Македонија.

„Со ова ние практично стигнуваме до вакцините со истата временска динамика со која стигнуваат и земјите членки на Европската Унија. Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70 отсто од населението“, изјави министерот Филипче по седницата.