„Ваша грижа во ЕУ е да ги натерате Македонците да се однесуват како земја кандидат за членство во ЕУ“, му порача лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов на лидерот на ЕПП, Манфред Вебер на ечерашниот митинг во Варна.



„Да ги затвораат бугарските клубови, да ги тепаат Бугарите кои имаат бугарска самосвет, ова не е цивилизирано.

Сакам да го следите овој процес во ЕУ, рече Борисов, не можеме да бидеме добри повеќе од еднаш, сега на ред е тие да докажат дека се добри“ му порача Борисов на Вебер, пренесеБГНЕС.

Тој додаде ГЕРБ докажала дека е европска партија со тоа што им даде зелено светло на Македонија и Албанија за почеток на преговори.