Бојко Борисов на средбата со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи , го отворил и прашањето за регистрацијата на бугарските клубови во Македонија.



Според неговиот кабинет, Борисов рекол дека „не е негова работа да се меша во внатрешните работи на земјава“, но нагласил дека усвојувањето на измените на законите за политички партии и за здруженија на граѓани и фондации предизвикале остра реакција во Бугарија.

Според лидерот на ГЕРБ, ваквата постапка се одразува негативно врз добрососедските односи и побара примената на измените да се одложи сè додека за нив не се произнесе Венецијанската комисија, извести неговата партија по средбата со Османи.

Претходно во Софија, Османи претходно на средба со неговиот бугарски колега Николај Милков рече дека ќе предложи Македонија да го испрати законот на анализа во Венецијалската комсија, иако таквата можност не беше претходно спомнувана во македонската јавност.

Засега нема потврда од македонската влада дека ставовите што ги изнесува Османи во Софија, за барање супервизија на измените во Законот за здруженија на граѓани и Законот за политички парти, се ставови на владата, или само негови лични најави за иницијатива, пишува „Плусинфо“.