Бугарија ќе биде бескомпромисна во заканата по националната безбедност, наведе бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов.
Бугарското Обвинителство вчера соопшти дека четири експлозии во воени складишта во Бугарија во последните 10 години веројатно извршиле офицери од Генералниот директорат за разузнавање на Русија, јави дописникот на МИА од Софија.
„За среќа, Руската Федерација има многу сериозен амбасадор во Бугарија. Нашата трговија со нив расте и е прекрасна! Но… Вие нема да шпионирате во Бугарија“.






