Поранешниот британски премиер Борис Џонсон веќе заработил повеќе од 1 милион фунти за платени говори откако ја напушти функцијата во септември, пренесе АФП.



Познат по своите реторички изблици, во последниве месеци Џонсон одржа говори пред банкари во Њујорк, осигурителни компании во САД, самит организиран од CNN Португалија и уште еден говор во Индија.

Во секоја прилика, тој добивал исплати меѓу 215.000 и 277.000 фунти, според официјалниот документ објавен на веб-страницата на британскиот парламент.

58-годишниот Џонсон го напушти Даунинг стрит 10, откако серијата скандали го оцрнија неговиот премиер. Тој се уште е пратеник на владејачката Конзервативна партија.

Џонсон, кој останува популарен меѓу членовите на ториевците, не ја отфрли можноста за уште една кандидатура за главната функција.

Тој рече дека е „добро поставен да испорача победа на конзервативците во 2024 година“, иако главната опозициска Лабуристичка партија е во подем.