Борис Џонсон стана татко!

Само два дена откако официјално се врати на работа по прележаниот коронавирус и се обрати и до нацијата, британскиот премиер стана – татко.



Кери Симонс, вереница на Џонсон, се породи утрината и на свет донесе машко дете.

„Премиерот сака во оваа прилика да им се заблагодари на сите вработени во здравствениот систем“, порача портпаролот на британскит преиер.

Двајцата во март најавија дека очекуваат принова. Веста доаѓа само неколку дена откако Џонсон се опорави од коронавирусот.

Исто така, и неговата вереница беше заразена со овој вирус.