Борис Џонсон не смее да оди во Русија

Москва им забрани влез во Русија на британскиот премиер Борис Џонсон, министерката за надворешни работи Лиз Трас, министерот за одбрана Бен Валас и уште на 10 други високи политичари – главно членови на Кабинетот, да влезат во Русија.



Одлуката е донесена како „одмазда“ на санкциите на Обединетото Кралство против неа откако ја нападна Украина, додавајќи дека наскоро ќе го прошири списокот на луѓе на кои им е забранет влез во Русија.

Во извештајот на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека „за ова се одговорни непроверените информации од Лондон и политичката кампања насочена кон изолација на Русија од меѓународната заедница, која ја ограничува Русија и ја задушува домашната економија“.

„Британското раководство во суштина намерно ја влошува ситуацијата околу Украина, го храни режимот во Киев со смртоносно оружје и го прави тоа во име на НАТО“, соопшти Москва.