Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери Сајмондс се наоѓаат на задоцнет меден месец во Словенија.
Неговиот кабинет не сакаше да потврди каде Џонсон отишол на одмор, но британските медиуми открија дека се работи за одмор во Словенија.
Словенечките медиуми објавија дека тие престојувале во Језерски.
Премиерот во заминување и неговата избраничка се венчаа во мај … Тие имаат едногодишен син Вилферд.
Многу Британци го критикуваа Џонсон што одлучил да оди на одмор додека Британија се соочува со економска рецесија. Имено, Централната банка на Велика Британија изјави дека тоа ќе се случи во последниот квартал од оваа година.
Потсетуваме, на почетокот на јули беше објавено дека Џонсон одлучил да поднесе оставка од премиерската функција. Тој на оваа функција ќе биде до есен, односно додека не се избере неговиот наследник.






