Борис Џонсон на интензивна нега

„Попладнево состојбата на премиерот се влоши и тој, по совети од медицинскиот тим, беше префрлен на одделението за интензивна нега во болницата“, изјави портпарол на БНорис Џонсон кој откако помина 10 дена во самоизолација синоќа со покачена температура бил итно примен во болница.



„Премиерот побара од министерот за надворешни работи Доминик Раб, кој е прв државен секретар, да го заменува“, соопшти Даунинг стрит.
Џонсон(55) на 26 март годинава беше тестиран при што беше утврдено дека е позитивен на коронавирус.