Британскиот премиер Борис Џонсон им се заблагодари на вработените во лондонската болница кои се грижат за неговото здравје додека закрепнува од Ковид-19.
„Не можам да им се заблагодарам доволно. Им го должам животот“, напиша Џонсон (55) во краткото соопштение доцна синоќа.
Џонсон беше хоспитализиран минатата недела поради треска и симптоми на ковид-19. Тој помина три дена во одделот за интензивна нега и примаше кислород.
Од четвртокот е префрлен во обично одделение, но не е познато кога ќе се врати на работа.





