Британскиот премиер Борис Џонсон ќе се соочи со гласање подоцна оваа недела за тоа дали треба да биде под истрага за, наводно, мамење на парламентот, со изјавите дека не ги прекршил ковид рестрикциите кога правел роденденска забава во службената резиденција , јави Ројтерс.
Борис Џонсон плати казна за забава во локдаун – одбива да даде оставка
Џонсон минатата недела беше казнет од полицијата за присуство на роденденска забава во негова чест во јуни 2020 година, кога на обичните Британци не им беше дозволено да се состануваат во затворен простор.
Опозицијата го повикаа Џонсон да поднесе оставка, обвинувајќи го дека го довел во заблуда парламентот,со тврдењата дека биле почитуваат сите правила на Даунинг стрит 10 (службената резиденција и работното место на премиерот) за време на пандемијата.
Според владиниот кодекс, намерното доведување во заблуда на парламентот е кривично дело кое мора да доведе до оставка.
Сепак, предлогот и да се најде пред Комисијата за привилегии, многу веројатно нема да биде одобрен, бидејќи премиерот ја има поддршката од повеќето пратеници во неговата Конзервативна партија и сè уште има мнозинство во парламентот, но дебатата ќе привлече ново внимание на прашањето за неговото лидерство.







