Шестиот пакет санкции против Русија, кои вклучуваат големи намалувања на увозот на руска нафта во блокот, не само што ќе влијае на количината на сурова нафта што Москва ќе ја продава во странство, туку и ќе ја намали цената на суровата нафта што им ја нуди на другите.
„Ние сме најважниот клиент за Русија“, оцени шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, откак доцна синоќа лидерите на блокот се согласија со пакетот санкции со кој се очекува да го намали увозот на руска нафта од ЕУ за повеќе од две третини.
Тој додаде целта на санкциите е Русија да има помалку финансиски ресурси „за да ја нахрани својата воена машина“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека санкциите мора да вклучуваат нафта.
ЕУ: Договорено ембарго за руската нафта
Земјите-членки на ЕУ договорија нов пакет санкции со кој веднаш се намалуваат повеќе од две третини од увозот на руска нафта во блокот. Ова ембарго ја покрива само руската нафта која е транспортирана по море, дозволувајќи привремено ослободување за увозот испорачан со гасоводот.







