Борел: Украина и Западен Балкан ќе станат членки на ЕУ, но…

„Украина ќе стане членка на ЕУ, а исто и Западниот Балкан. Но, поставувањето на временска рамка (за проширувањето), може да ја мобилизра нашата енергијата и енергијата на земјите кандидатите за членство“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.



Тој најави дека на предлог на шпанското претседателство со ЕУ кон крајот на следниот месец ќе се одржи заеднички состанок на шефовите на дипломатиите на членките на Унијата со нивните колеги од земејите од Западниот Балкан, јави специјалниот известувач на МИА од Брисел.

Борел сепак нагласи дека проширувањето е процес што се базира на исполнување на критериуми. 

„ Една земја ќе стане членка кога ќе ги испокни сите услови, но важно е да му се даде политички поттик на процесот“, истакна Борел, додавајќи дека и Унијата мора сама да се подготви за процесот на прием на нови членки.