Жозеп Борел оцени дека „можно е војната во Украина да не заврши, дека ќе се одолговлекува како во Кореја (1953) дека ќе има примирје и одредување на линијата на поделба“.
Високиот претставник на ЕУ во дискусија во Центарот за меѓународни работи во Барселона рече дека „тоа би можело да биде излез од војната“, иако често се зборува за тоа кој би можел да победи.
Тој смета дека би било неопходно украинскиот вооружен конфликт да се одвива како во Кореја, „украинската и руската страна да се повлечат од своите позиции“ и да се откажат од барањата, одбраната или освојувањето територии.
Шефот на европската дипломатија јасно стави до знаење дека негова задача е и да ги убеди оние земји кои не сакаат да заземат страна во украинската војна дека „лошата страна во тој филм е Русија, а не санкциите на ЕУ“.
Тој смета дека ЕУ мора да биде на преговарачка маса „бидејќи нашите санкции се клучен елемент на какви било преговори и затоа што безбедноста во Европа е наша безбедност“.
Имајќи ја предвид штетата предизвикана од последиците од украинската војна, како што е скокот на цените на енергијата и храната, шефот на Европската служба за меѓународни односи и безбедност истакнува дека „треба да бараме решенија за проблеми создадени од војната“.
Европа, според него, „не смее да си дозволи да се умори од војна“, иако Европската унија како целина и онака не може да има важен збор во мировните преговори бидејќи Русија не дозволува ЕУ да биде соговорник.
Тој смета дека ЕУ мора да биде на преговарачка маса „бидејќи нашите санкции се клучен елемент на какви било преговори и затоа што безбедноста во Европа е наша безбедност“.
Имајќи ја предвид штетата предизвикана од последиците од украинската војна, како што е скокот на цените на енергијата и храната, шефот на Европската служба за меѓународни односи и безбедност (ЕЕАС) истакнува дека „треба да бараме решенија за проблеми создадени од војната“.
Борел вели дека многу нации од други континенти, Индија, Пакистан, Кина и земји од Африка, Азија, бараат од мене „да се стави крај на војната, а тоа би значело прекин на испораката на оружје за Украина и какви би биле последиците?
„Доколку Русија победи во војната, таа ќе тргне да ја постигне следната цел“, рече Борел.







