Високиот претставник за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел предупреди дека „никој нема да ги признае“ резултатите од референдумите во Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, кои претставуваат околу 15 отсто од украинската територија.
Тој ова го изјави за France 24 на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Тој, исто така, инсистираше на тоа дека земјите од ЕУ треба да продолжат да ја поддржуваат Украина – вклучително и со воена поддршка и санкции против Русија.
На прашањето за заканата на Путин „да ги искористи сите средства на располагање на Русија“ за – според неговите зборови – „да ја заштити Русија“, Борел изјави дека „мора да избегнеме ескалација, вклучително и вербална ескалација“ и дека „земјите од ЕУ покажаа неверојатни единство“ наспроти руската агресија против Украина.







