Борел: Нема да го следиме Бајден, ЕУ нема да забрани увоз на гас и нафта од Русија

Европската унија нема да го забрани увозот на гас и нафта од Русија, изјави за Ал Џезира високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел по најавата на Вашингтон за нови санкции против Москва, вклучително и забрана за снабдување со енергенси.



„Нема да го забраниме увозот на руска енергија. Не го следиме Бајден по ова прашање“, рече Борел. Тој рече дека ЕУ „постојано“ бара алтернативни извори на гас бидејќи е убедена дека има „партнер на кој не може да смета“.

Тој исто така рече дека пристапот на Украина во ЕУ е можен, но нема да се случи преку ноќ.

Борел нагласи дека Украина не претставува закана за Русија, а ЕУ „нема да го турка Киев во војна со Москва“.