Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ инсистира на решение со две држави и нагласи дека Израел не може да гради мир „само со воени средства“, пренесува „Франс прес“.
Жозеп Борел, ја повтори осудата на ОН за дека е „неприфатливо“ отфрлањето на заложбите за формирање палестинска држава по војната во Газа од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Сакаме да изградиме решение со две држави. Затоа, ајде да разговараме за тоа“, рече Борел.
Тој го предупреди Израел дека „мирот и стабилноста не можат да се изградат само со воени средства“.
„Кои се другите решенија што ги имаат на ум?
Да ги натераат сите Палестинци да се иселат? Да се убијат!?“, праша Борел.
Според Борел, хуманитарната ситуација во Појасот Газа „не може да биде полоша“.





