Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на земјава, каде како што е најавено, ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија.
Најавени се средби со премиерот Димитар Ковачевски, а утре ќе претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјава, каде Северна Македонија ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а Европската комисија ќе ја претставува комесарот Оливер Вархеи.
Борел, како што е најавено, ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски, а ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието…
Борел, по Скопје на 18 март заминува во Охрид, каде премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, како дел од дијалогот Белград-Приштина.







