Шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел изјави дека Бугарија треба да биде пофлексибилна во однос на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, објави Ројтерс.
„Мислам дека Бугарија треба да покаже поголема флексибилност по ова прашање, што го блокира почетокот на преговорите“, изјавил Борел на настан во Мадрид.
Претходно неделава, 27-те лидери на Европската унија ветија идно членство на своите шест балкански соседи, повторувајќи го ветувањето дадено за прв пат пред 18 години, но ги отфрлија повиците тоа да биде до 2030 година, како што предложи Словенија.







