Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел одговори на предупредувањето од Путин до НАТО дека не блефира и дека Русија има на располагање „различни средства за уништување“ за да го брани својот „територијален интегритет“.
„Постои нуклеарна закана, а Путин вели дека не блефира. Па, тој не може да си дозволи блефирање“, вели Борел за време на настанот на Европската дипломатска академија во Бриж, пренесува Еуроњуз
„Мора да биде јасно дека луѓето што ја поддржуваат Украина и Европската унија и земјите-членки, како и САД и НАТО исто така не блефираат.
„И секој нуклеарен напад против Украина ќе создаде одговор – не нуклеарен одговор, туку толку моќен одговор од воената страна – дека руската армија ќе биде уништена, а Путин не треба да блефира“, рече тој.






