Борел: Ако не го стабилизираме Балканот…


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеф Борел вели дека Брисел ја заговара опцијата за постепено интегрирање на земјите од Западен Балкан во Унијата, пренесе Еуроњуз.



„Ако не го стабилизираме Балканот, тогаш ќе биде тешко да се сметаме за геополитичка сила. Бидејќи никој друг нема да го стори тоа, само Европејците”, рече Борел во интервју за Фајненшл тајмс.

Според него прашањето за Балканот особено ја загрижува ЕУ.

Борел смета дена дека „соседството со ЕУ практично гори“ и се залага за „силен и унифициран одговор“ од сите членки на блокот.

“Во последните 10 месеци, нашето соседство е зафатено од пламен, од Либија до Белорусија. Сè е многу полошо отколку што очекував”, рече Борел.