Поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, која беше обвинета во случајот „Друмарина“,  доби ослободителна пресуда.



Бонева се гонеше за делото измама во службата односно дека дека во периодот од 2011 до 2015 година до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, по што и биле исплатени над 10 илјади евра, иако имала стан во Скопје и не патувала за да присуствува на седници на Собранието.

Случајот го покрена поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а по згаснувањето премина во рацете на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.

Бонева ги негираша обвинувањата.

„Судот утврди дека Јавниот обвинител, надвор од разумно сомнение, не го докажа делото кое и се става на товар на обвинетата, а во однос на оштетното побарување на РСМ, застапникот го упати на спор“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд.