Косовскиот премиер Албин Курти, за време на неговиот престој во САД, побарал „Бондстил“, воениот камп на американските членови на КФОР, да стане постојана американска воена база на Косово.
Курти изјави дека за време на посетата на САД имал повеќе средби со официјални претставници на кои била изразена посветеноста на САД за безбедноста на Косово.
Тој вели дека е неопходно да се „демилитаризира копнениот појас“ долж административната линија, тврдејќи дека Србија формирала вкупно 48 „офанзивни оперативни бази“, објави Б92.







