Бомгартнер: Во оваа земја се зборува македонски јазик

Никој не ќе може да им наметне на двете земји да усвојат нешто што нема да им одговара и што ќе бара поместување од црвените линии. Во рамки на тие параметри треба да се напредува, да се изнајде решение, а откако ќе се постигне тоа, ќе треба да се договориме за Преговарачката рамка, која ќе овозможи отворање на преговорите за членство, без одолговлекување, вели францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер, во интервју за 360 степени на Алсат .



Запрашан дали тој има дилеми како се нарекува јазикот на етничките Македонци, францускиот амбасадор рече дека за него нема дилема и дека во „оваа земја се зборува македонски јазик“.