„Нема конкретен рок во однос на проширувањето на ЕУ и членството на Република Северна Македонија“, рече во своето излагање на седницата на Советот за евроинтеграции, амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер, пренесе Алсат М.



Околу приоритетите на француското претседателство со ЕУ, Бомгартнер пред пратениците во Законодавниот дом, рече дека Франција ќе има конструктивен пристап.

„За оваа тема нема конкретен рок, бидејќи овој рок зависи од меѓувладината конференција која ќе го означи почетокот на преговорите и во овој момент е невозможно да се утврди точен датум. Земјата постојано ќе се придружува, со француското претседателство и со трите други засегнати институции за да може работите конструктивно да напредуваат и во добра насока“, рече Бомгартнер.