Бомбите за Рашковски го загрижуваат францускиот амбасадор!?

Кристијан Тимоние вели дека треба да се стави крај на праксата со прислушување во функција на политичкиот живот и смета дека скандалот со „бомбите“ за ген-секот Драги Рашковски го нарушува угледот на државата пред потенцијалните инвеститори.



„Во однос на генералниот секретар ќе кажам дека е неопходна транспарентност во економскиот живот, особено кога станува збор за тендери, ќе треба јас по тоа да го поттикнам интересот на француски претпријатија да бидат присутни овде.

Но, сигурно дека тој начин на функционирање преку објавување на „бомби“, преку прислушувани разговори како регулатор на политичкиот систем, поставува голем број на прашања, во врска со компатибилноста со европскиот систем, и затоа јас велам дека едноставно да се даде датум за почеток на преговори не мислам дека може да го промени сето ова. Затоа ние тука очекуваме докази, затоа што станува збор за целокупното општество, политичкото, но и целото општество кое треба да се најде во таа динамика“, вели амбасадорот на Франција за Радио Слободна Европа.