Бомбаш самоубиец денеска се заби со мотор во полициски камион во југозападен Пакистан, при што загинаа девет полицајци.
Од болница изјавија за Ројтерс дека најмалку седум полицајци се ранети во нападот, последен во серијата напади врз полицијата во Пакистан.
Ниту една група не презеде одговорност за нападот.







