Повеќе од 50 Палестинци загинаа, а 150 се ранети во израелски воздушен напад врз бегалскиот камп Џабалија во Газа, соопштија официјални лица од индонезиската болница во Газа.



Израелските одбранбени сили (IDF) соопштија дека воени авиони претходно го нападнале кампот, тврдејќи дека цел на командант на Хамас во широкиот напад врз терористите и терористичката инфраструктура. Командантот на централниот баталјон Џабалија на Хамас, Ибрахим Биари, е убиен во нападот, соопшти IDF.

„Десетици луѓе и натаму се под урнатините по ѕверскиот израелски напад, чија цел беше голема област на домови во кампот Џабалија“, соопшти министерството за здравство на Газа, со која управува Хамас.

Израелските тенкови и пешадија напаѓаа влезови во тунели и позиции за лансирање проектили во последните судири со Хамас околу градот Газа и на нејзиниот југ.

Израел верува дека палестинските милитанти држат околу 240 заложници во тунелскиот комплекс, што го користат како свој заповеден и контролен центар.

Извештаи од терен велат дека израелските сили навлегле во населби на северот од градот Газа и дека оклопни возила се забележани на двата главни патишта кои ги поврзуваат северот и југот на појасот.

A Palestinian man cries while holding a dead child who was found under the rubble of a destroyed building following Israeli airstrikes in Nusseirat refugee camp, central Gaza Strip, Tuesday, Oct. 31, 2023. (AP Photo/Mohammed Dahman)