Бомба разнесе фризерница во Белград

Бомба била фрлена во фризерски салон на улицата Браничевска во Белград, утрово околу 04 часот.



Српската полиција соопшти дека нема повредени, а причинета е материјална штета.

На видео од безбедносни камери се гледа како маж со качулка на главата крши прозорец со чекан и фрла бомба, по што бега, пишува „Телеграф.рс“.

Сопственикот на салонот тврди дека „нема непријатели и не ја знае причината за нападот“. Полицијата се обидува да го идентификува напаѓачот.Макфакс

Сопственикот на салонот тврди дека „нема непријатели и не ја знае причината за нападот“. Полицијата се обидува да го идентификува напаѓачот.