Изјавата на македонскиот премиер дека про-руски бизнисмени од Грција ќе финансирале насилни протести во Македонија против членството на земајта во НАТО, дадена за не многу (во овдешни прилики) познат портал предизвика реакции и во Грција.
„Македонскиот премиер Зоран Заев покрена ‘бомби’ при неговото враќање од НАТО, насочени кон грчките бизнисмени“’,напиша грчки медиум.
Во интервјуто за “BuzzFeed News” премиерот изјави дека неговата влада добила повеќе извештаи, без да ги спомне имињата, дека „грчки бизнисмени“ плаќале луѓе во корист на руските позиции од 13.000 до 21.000 долари за „да преземат насилни дејства“ пред клучниот референдум, кој ќе одреди дали земјата ќе може да се приклучи на НАТО.
И… дека Зеаев побарал од Доналд Трамп за време на Самитот на НАТО „да ѝ помогне на нашата земја да одржи успешен референдум, нашите граѓани имаат демократско право да ја искористат оваа можност да одлучуваат за иднината кон која ќе продолжиме“.





