Новинарот Зоран Божиновски кој предходно објави дека со премиерот Заев имал тет -а-тет средба за која неговиот кабинет никогаш не ја информирал јавноста тврди дека шефот на СДСМ и Владата едвај чека да се повлече целосно од политика.
“Заев спремил неотповиклива оставка….. Чека момент да ја поднесе и да се тргне од политика”, пишува Божиновски.
Тој не открива дали причината за оставка е последниот случај со Боки 13 кој бил близок со неговото семејство или има други причини.




