Бомба-кашикара во центарот на Прилеп

Околу 12  часот пред кафуле во строгиот центарот на Прилеп под столица била оставена или фрлена рачна бомба.



Полицијата го обезбедува просторот во близина на Градската саат кула,, повикана е противпожарната единица  известена е и се очекува да пристигне антитерористичка единица од Скопје.

На социјалните мрежи се појави фотографија од бомбата, а полицијата работи на отстранување на ekcплозивната направа, објави ексклузивно порталот „Маркукуле“.