Болтон: Светските лидери го сметаат Трамп за „глупак“


Ова во вторникот го изјави Џон Болтон, поранешен советник на Трамп за национална безбедност, цитиран од Си-Ен-Ен.



Според него, поранешниот американски претседател Доналд Трамп долго време ги фали своите силни врски со високи лидери на светската сцена, но тие всушност го сметаат за „смешна будала“.

Минатата недела Трамп рече дека би можел да стави крај на руската војна во Украина за еден ден доколку победи на реизборот во Белата куќа. „Војната никогаш немаше да се случи“, рече Трамп, ако добиев втор мандат во 2020 година.

Идејата дека на некој начин неговото присуство на функцијата ќе го одврати Путин е сосема погрешна“, вели Болтон

Тоа, во комбинација со инсистирањето на Трамп дека би можел да преговара со Путин за завршување на војната за еден ден, „покажува дека тој има целосно недостиг на разбирање за тоа што е војна и какви се последиците од руската агресија врз Украина низ светот“, рече Болтон.