Припадници на армијата поставија шатори во дворот на Клиниката за инфективни болести во Куманово, јавува Алсат.
Причината се преполните капацитети на болницата па се појави потреба за дополнителен простор за амбулантски услуги за пациенти со Ковид-19.
Пациенти кои се на домашно лекување доаѓаат за дневна терапија и неопходни прегледи во инфективното одделение, па се создаваат долги редици.





