Болка во нога го прекина маратонот на малиот Марко

Малиот маратонец Марко Пејчиновски од Охрид ноќва мораше да го прекине најавениот ултрамаратон поради силна болка во ногата.



По испливани 12 километри, 13 годишното момче мораше да го прекине подвигот во кој тој требаше да плива 64 километри на рутата Охрид.Св.Наум, Струга-Охрид.

„Желбата и волјата се крилја за големи дела.Нашиот Марко имаше силна желба и цврста волја да плива делница која е вистински предизвик за професионалните маратонци, а не за еден тринаесетгодишник. Сепак, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести“, објавено е на неговит фејсбук профил.

Марко, кој лани на 28 август ја преплива патеката од Свети Наум до Охрид долга 30 километри и е најмладиот пливач копј успеал во тоа, има некроза на еден дел на коската на ногата, потсетува СакамДакажам  поради пореметување на крвотокот во тој дел од ногата. Тој во пливањето повеќе ги користи рацете отколку нозете.