Владата на Боливија во вторникот соопшти дека ги прекинала дипломатските односи со Израел поради неговите напади врз Појасот Газа.



Соседите Колумбија и Чиле ги отповикаа своите амбасадори од Израелна консултации, јавува Ројтерс.

Трите јужноамерикански земји ги критикуваа нападите на Израел врз Појасот Газа и ја осудија смртта на палестинските граѓани.

Боливија „одлучи да ги прекине дипломатските односи со државата Израел како знак на негирање и осуда на агресивната и непропорционална израелска воена офанзива што се случува во Појасот Газа“, изјави заменик министерот за надворешни работи Фреди Мамани на прес-конференција.

Трите земји повикаа на прекин на огнот, при што Боливија и Чиле инсистираат да се дозволи достава на хуманитарна помош во зоната и го обвинуваат Израел за кршење на меѓународното право.

Други земји од Латинска Америка, како Мексико и Бразил, исто така повикаа на прекин на огнот.

„Она што го имаме сега е лудилото на израелскиот премиер кој сака да го збрише Појасот Газа“, изјави во петокот бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва.