Боки на Русковска: Не се дери

Откако сведокот Камчев заврши со сведочењето по прашања на обвинителката Вилма Русковска, Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски Боки 13 го испрашуваше бизнисменот Орце Камчев откако овој го заврши сведочењето.



Тој најпрво побара Камчев да му се извини јавно поради, како што рече, тешките квалификации што ги изнел против него на денешното рочиште.

Кога обвинителката Вилма Русковска се обиде да реагира за начинот на испрашување, Јовановски ѝ дофрли : „Не се дери, потивко“.