Во продолжението на судењето за предметот „Рекет“, денеска беа презентирани фискални сметки на обвинетиот Бојан Јовановски од 2019 година за облека што ја купувал од брендирани бутици во Италија.
Сметките, преку 20, биле на износи од 300 до над 9.000 евра.
Вкупниот износ е 148.000 евра, потрошени за три дена во Милано, Италија каде шопингувал со неговата мајка.






