Првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски денеска повторно се пожали на здравствена состојба:
„Јас не сум експериментален глушец. Ве молам судијке да не си играте со мојот живот“ – рече Јовановски, откако судијката образложи дека се одлага денешното рочиште.
„Ви укажувам дека нема подобрување на мојата здравствена состојба и дека, напротив, здравјето жми е влошено. До сега 55 пати ме носат на испитувања и веќе е доста. Има конкретна дијагноза и дадени напатствија од специјалисти кои не се почитуваат. Се чувствувам комплетно дискриминиран и состојбата на органот на кој сум опериран преминува во малигнитет”, рече Боки 13 пред судот.
Јовановски рече дека нема намера да оди на дополнителни испитувања, туку бара сериозно да се сфатат укажувањата на лекарите од сите досегашни направени испитувања.





