Северно Македонска Пошта, Северно Македонски Телеком се две од дури 16 трговски марки кои се обидел да ги „заштити“ Бојан Јоивановски – Боки 13 во Бирото за индустриска сопственост, дознава „Плусинфо“.
Меѓу нив се и марките Северно Македонска радио телевизија – 1 и Северно Македонска телевизија – 1, како и Прва Северно Македонска ТВ.
Боки 13, првоосомничен во аферата „Рекет“, се обидел да ја регистрира и трговската марка А1 на Велија Рамковски под име А1 -Северно Македонска ТВ.





