Боки 13 пуштен на слобода

Бојан Јовановски е пуштен на слобода!
Република

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, потврдува за Канал 5 неговиот адвокат.



Причината е лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.

Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ вели дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако е задоцнета, е праведна.