Боки 13 побара изземање на судијата во случајот „Меѓународен сојуз“

На денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, првообвинетиот Бојан Јовановски побара изземање на судијата кој го води предметот.



Според Јовановски, судијата Софче Гаврилова, судењето го води пристрасно бидејќи била дел од судечкиот совет во случајот Рекет“„.

-И вие самата изјавивте дека со оглед дека сте биле дел од Рекет, веќе сте оформиле мислење, па не може да се очекува дека при донесувањето пресуда за Меѓународен сојуз, нема да бидете пристрасни, изјави во судницата Јовановски.

Судијката рее дека барањето на Јовановски ќе биде доставено до пртседателот на судот и го опомена да се однесува коректно во судница.

Јовановски се терети за делата перење пари и за измама. Фросина Ременски се товари за помагање на делото измама, додека Јасна Мандиќ и таткото на Боки, Миле Јовановски и асистенката Христина Блажевска се осомничени за помагање во делата перење пари и измама. Како правно лице осомничен е и Меѓународниот сојуз.