Боки 13: Парите од „рекет“ барајте ги кај Зоки и Вице Заев

„Донесовте политичка пресуда.



Парите рекетирани во оваа Македонија барјте ги кај Зоран и Вице Заеви, а не кај Бојан Јовановски“, изјавил Боки 13 денес откако по изрекувањето на пресудата од 9 години затвор, му беше дозволено да се произнесе, но наместо за побараната мерка притвор од страна на обвинителката Вилма Русковска, тој „проговори“ каде завршија парите од рекетот за кој е осуден, јави А1.Он.

Нема да се дадам во бегство, едвај го чекам 1 јули, едвај чекам да ми дозволите да одам во Јавното овинителството за сите вистински сторители на кривични дела во оваа земја.