На денешното судење за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица, првообвинетиот одново побара изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремовска и целиот судечки совет, поради како што рече пристрасност и сомневање дека е политички мотивиран.
„Новата околност укажува дека судијката на минатото рочиште, без никакава моја навреда на записник нотираше дека сум ја навредил. Околноста за правото на непристрасно судење може да се види од односот на судијката.
Друга околност е што судијките Софче Гаврилова Ефремовска и Васка Николовска кривично ги гонам за обид за убиство и тортура“, образложи Јовановски .
Судијката рече дека по завршување на денешното рочиште, барањето ќе биде проследено до претседателот на Судот.






